Како да ја исчистите дрвената даска за сечење?

Како да ја исчистите дрвената даска за сечење? Александра Спасеска 13.12.2025 / 13:47 Рецепти Многу луѓе не знаат како правилно да ја одржуваат дрвената даска за сечење месо и зеленчук, а ја користат скоро секој ден кога подготвуваат оброци. Ако не се одржува правилно, станува плодна почва за бактерии, габи, мувла. Кујнската даска за сечење во кујната треба редовно да се чисти и дезинфицира, а еве и неколку совети како да го направите тоа на вистински начин. Даските за сечење храна можат да станат легло за размножување бактерии, особено ако не користиме посебни даски за сечење месо и за зеленчук. Сепак, постојат неколку совети кои ќе ви помогнат да избегнете зараза и правилно да ги исчистите даските. Употребата на вода и детергент за чистење на работни површини може да ги ослаби дрвените влакна на даската. За да ја дезинфицирате по употреба, добро премачкајте ја со обичен бел оцет наместо детергент. Оцетот е силен борец против ешерихија коли, салмонела и стафилококи, и е многу ефикасно средство за дезинфекција. За да се ослободите од непријатниот мирис на даската за сечење, истријте ја со сода бикарбона, а потоа исплакнете со бел оцет. Хидроген пероксид против бактерии Хидроген пероксид е најдобриот начин да се убијат бактериите од даските за сечење, особено откако ќе сечете пилешко или друго месо. Откако ќе ја користите даската, избришете ја со оцет, а потоа и со водород пероксид од 3%. Лимон против непријатен мирис Доколку даската прими непријатен мирис од сечење кромид, лук и сирово месо или риба, едноставно добро истријте ја со половина лимон и исплакнете ја со вода. Сода бикарбона за темелно чистење Повремено исчистете ги пластичните и дрвените даски за сечење со паста што сте ја направиле од лажица сода бикарбона, лажица сол и лажица вода. Втријте ја пастата во даската и исплакнете со топла вода. Сол за белење Откако ќе ја измиете даската со вода и детергент, истријте ја со влажна памучна крпа натопена во сол. Можете исто така да направите паста од сол и сок од лимон и да ја користите на ист начин. Автор/Извор А.С. Прикажи во метро On