ВИДЕО: Дедо Мраз на оклопно возило, празнична магија во ЕБР

Иако извршувањето на сложени полициски задачи е нивно секојдневие, денеска припадниците на Единицата за брзо распоредување беа исправени пред нов предизвик. Да ги израдуваат најмалите и да предизвикаат насмевки на нивните лица. И по објавените снимки и фотографии, очигледно и оваа задача успешно ја завршија. Во просториите на ЕБР денеска имаше вистинска празнична магија. Дедо Мраз, на голема радост на најмалите, пристигна со оклопно возило полно со подароци и новогодишни пакетчиња. [video width="576" height="1024" mp4="https://kurir.mk/wp-content/uploads/2025/12/594624504_25723771727241351_964747453502756969_n.mp4"][/video] Децата се дружеа со Дедо Мраз, ги споделија своите новогодишни желби со него, добија подароци, но и спомени кои ќе ги паметат.