Новогодишни путер колачиња, радост за најмалите

Неодоливите колачиња најмногу ќе ги израдуваат децата, а ќе ја красат новогодишната трпеза. Состојки: 500 гр брашно 150 гр путер 150 гр шеќер 80 мл слатка павлака 3 јајца 1 ванилин шеќер 2 лажички сода бикарбона Глазура: 250 гр шеќер во прав 1 белка од јајце боја за јадење за колачи Подготовка: Се матат путерот и двата шеќери додека не се запенат. Додадете ги јајцата едно по едно. Кога смесата ќе се изедначи, додадете ја слатката павлака и матете на најмала брзина да се соединат состојките. Додадете брашно помешано со сода бикарбона и замесете меко тесто. Завиткајте го во провидна фолија и ставете го во фрижидер два часа. Расукајте го со сукало и со калап исечете ги саканите форми. Се редат во тава на хартија за печење и се печат во загреана рерна на 180 степени 10 минути или додека не поруменат. Глазура: Изматете ги белките додека не се стегнат и постепено додавајте го шеќерот во прав, матејќи цело време додека не добиете густа смеса. Смесата поделете ја на неколку длабоки чинии (во зависност од тоа колку бои сакате) и на секоја додајте неколку капки боја по желба. Со глазурата премачкајте ги колачињата и декорирајте по желба.