Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,09% во однос на одлуката од 12.12.2025 година. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 2,00 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 1,00 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,248 ден/кг и сега ќе изнесува 32,635 ден/кг. Од 16.12.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 73,00 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 75,00 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 66,50 (денари/литар) Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 65,50 (денари/литар) Мазут М-1 НС 32,635 (денари/килограм)