Од полноќ нови цени на горивата Филип Здравески 15.12.2025 / 14:41 Македонија Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,09% во однос на одлуката од 12 декември. Од 16 декември од 0:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: моторен бензин Еуросупер БС-95 – 73,00 ден/л моторен бензин Еуросупер БС-98 – 75,00 ден/л дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) – 66,50 ден/л масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 65,50 ден/л мазут М-1 НС – 32,635 ден/кг Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 како и на Еуродизел (Д-Е V) се намалуваат за 2,00 денара/литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 1,00 денар/литар. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,248 денари/килограм и сега ќе изнесува 32,635 денари/килограм. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 4,932%, кај дизелот за 4,357%, кај екстра лесното масло за 1,790% и кај мазутот намалувањето е за 1,013%. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,1167%. цена на горива Автор/Извор Макфакс Прикажи во метро On