Меѓу жртвите во Австралија и фудбалер на македонскиот клуб Рокдејл Илинден Филип Здравески 15.12.2025 / 15:35 Фудбал Во вчерашниот терористички напад на плажата Бонди убиени беа 15 цивили, а меѓу нив и фудбалер на Рокдејл Илинден, клуб на македонската дијаспора во Австралија. Фото: Рокдејл Илинден ФЦ „Со голема тага дознавме дека нашиот играч Ден Елкајам беше трагично и бесмислено убиен во масакрот на плажата Бонди. Ден - 27-годишен Французин од еврејска вероисповед - живееше со својата девојка во источните предградија. Го обожаваше австралискиот начин на живот. Фудбалот му беше страст - заедно со поминувањето време на плажа и дружењето со пријателите. Неговото насмеано лице и почитувачката природа многу ќе им недостигаат на неговите соиграчи и на сите што го познавале. Се молиме за него и за неговото семејство“, објави клубот. Рокдејл Илинден е од населбата Рокдејл, предградие на Сиднеј. Настапува во полупрофесионалната Национална премиер лига на Нов Јужен Велс, каде во регуларниот дел од сезоната 2025 заврши на 4. место, а потоа во разигрувањето стигна до финалето каде со 2:1 загуби од АПИА. Австралија Македонци во Австралија Автор/Извор Филип Здравески Прикажи во метро On