Осуденик чека нова казна, кај него во затвор пронајдена е дрога

На 14.12.2025 во 16:40 часот  во СВР Скопје, од Казнено- поправната установа Затвор Идризово е пријавено дека околу 14:50 часот е извршен претрес кај осуденикот Б.В.(47) од Скопје, при што кај него се пронајдени марихуана и кафеава материја. Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје ја подигнале дрогата за понатамошна постапка. По расчистување на случајот ќе следува соодветна пријава.