Александра Пријовиќ се породи пред три месеци, а сега ја донесе ОВАА одлука

Александра Пријовиќ (30) пред три месеци го роди своето второ дете. Таа и нејзиниот сопруг Филип Живојиновиќ ќерката ја крстија Арија, според желбата на нивниот син Александар. До бременоста, пејачката работеше напорно и ги полнеше концертните сали, а кога дозна дека е бремена, се повлече од сцената. Сепак, само три месеци по породувањето, Александра донесе одлука да се врати на работа. Имено, таа сега објави на Инстаграм фотографија од студио и покажа дека не може долго да се одмара и дека сака што поскоро да продолжи со својата работа.