Колапс во Фиорентина, играчите испратени во карантин

Колапс во Фиорентина, играчите испратени во карантин СЕРИЈА А 2025/2026 Филип Здравески 15.12.2025 / 20:41 Фудбал Фиорентина доживува еден од најтешките моменти во својата историја, а атмосферата во клубот е на работ на експлозија. „Виола“ по 15 натпревари се уште нема победа во Серија А и со само 6 освоени бодови се наоѓа на последното место на табелата. Фиорентина во неделата доживеа пораз од Верона на домашен терен (1:2). По деветтиот пораз во сезоната, клупските челници презедоа драстични мерки кои јасно укажуваат дека ситуацијата е алармантна. Како што пишува La Gazzetta dello Sport, клубот вовел целосен медиумски молк и го испратил тимот во карантин, во „Виола Парк“. Нема изјави, нема обраќања, нема објаснувања за навивачите. Фудбалерите биле префрлени од стадионот во тренинг-центарот веднаш по натпреварот со Верона, во придружба на полицијата. Полицијата мораше да реагира поради страв од можни инциденти, иако немаше поголеми немири. Сепак, гневот на навивачите беше гласен и јасен. Незадоволството беше видливо на стадионот „Артемио Франки“, по поразот од Верона. Свирежи, навреди и скандирања ги следеа играчите кои останаа на теренот со наведнати глави. Тимот ќе остане во карантин до понатамошно известување, а многу е можно карантинот да продолжи и во наредните денови. Во среда е планирано патување во Лозана, каде што Фиорентина ја чека последниот натпревар од групната фаза на Конференциската лига. Исто така, по серијата лоши резултати, неизвесна е и судбината на тренерот Паоло Ваноли, кој пред еден месец дојде на местото на Стефано Пиоли. Италијанските медиуми не ја исклучуваат можноста клубот во јануари да преземе радикални мерки, а тоа значи отпуштање не само на тренерот, туку и неколку фудбалери. Засега, Ваноли останува барем до недела, потврди клупската управа. Во своето денешно издание La Gazzetta dello Sport вели дека доколку биде отпуштѕен Внаоли на негово место најверојатно ќе дојде Бепе Јакини кој „добро го познава клубот и веќе ја предводеше Фиорентина кон крајот на сезоната 2019/2020, заменувајќи го Винченцо Монтела. Следната сезона беше на клупата на почетокот и на крај беше сменет со Чезаре Прандели“. фиорентина Серија А Автор/Извор Макфакс/Кајгана Прикажи во метро Off