Посен подварок со суви сливи за Свети Никола Филип Здравески 15.12.2025 / 20:58 Рецепти Посниот подварок со сливи ќе ги воодушеви гостите на денот на славата, многу е ароматичен и вкусен. Потребни состојки: 1 кг кисела зелка 20 суви сливи 240 гр варен кафеав ориз 2 кромида 4 листови ловор 2 лажици блага пипер 1 лажичка бибер 2 лажички сол малку лута пипер 6 лажици масло Подготовка: Загрејте ја рерната на 180°C. Ставете го оризот да се вари на тивок оган, а за тоа време пржете го исечканиот кромид на масло околу 10 минути. Потоа во кромидот додадете сечкана кисела зелка, ловорови листови и 120 мл вода, добро измешајте, поклопете и динстајте околу 15 до 20 минути, повремено мешајќи. Ставете ја зелката во тепсија, додадете го оризот и зачинете со блага пипер, бибер, сол и лута пипер. Добро измешајте, извадете ги листовите ловор и рамномерно наместете ги сувите сливи во смесата. Печете околу 30-40 минути, или додека не стане крцкаво одозгора. посно јадење Свети Никола Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро On