Скопјанец нападнат и ограбен, младо лице ќе одговара за разбојништво

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.Р.(25) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“. На 19.10.2025 во Скопје, пријавениот со употреба на физичка сила од 31-годишен маж од Скопје одзел пари и му нанел повреди.