Револверската пресметка меѓу Јокиќ и Шенѓун отиде кај најдобриот играч во светот

Револверската пресметка меѓу Јокиќ и Шенѓун отиде кај најдобриот играч во светот НБА 2025/2026 Филип Здравески 16.12.2025 / 09:32 Кошарка Денвер Нагетс го победи Хјустон Рокитс по продолжение со резултат 128:125, во феноменален натпревар во кој, очекувано, се истакнаа Никола Јокиќ и Алперен Шенѓун. Никола Јокиќ постигна 39 поени, на што додаде 15 скокови и 10 асистенции, со што го запиша 12-тиот трипл-дабл сезонава. Шенѓун ги предводеше Рокитс со 33 поени, 10 асистенции и 10 скокови, што е негов прв трипл-дабл сезонава. VIDEO GAME NUMBERS BETWEEN JOKIC AND SENGUN The Nuggets outlast the Rockets in OT ⛏️ pic.twitter.com/nOIRQ82Ucj — SportsCenter (@SportsCenter) December 16, 2025 Џамал ​​Мареј додаде 35 поени за Денвер, вклучувајќи шест од 11-те поени на неговиот тим во продолжението. Мареј погоди 14 од 15 слободни фрлања. Оваа победа е петта последователна на Нагетс и нивна прва на домашен терен од 8 ноември. Кевин Дурант додаде 25 поени, 7 асистенции, 5 скокови и 5 блокади за Хјустон, кој го загуби третиот последователен натпревар на гостински терен. Remote video URL Продолжение имаше и во Солт Лејк Сити каде Јута Џез го совлада Далас Маверикс со 140:133. Кејонте Џорџ постигна 37 поени, а Лаури Марканен 33 предводејќи Јута против Далас, кој загуби и покрај тоа што Купер Флег постигна најмногу поени во кариерата - 42. Бостон Селтикс кој загуби дома од Детроит Пистонс со 112:105. Кејд Канингем постигна 32 поена и имаше 10 скокови за дабл-дабл, додека Карис Леверт и Тобиас Харис додадоа по 13 поени за Пистонс. Џејлен Браун постигна 34 поени, заедно со 8 скокови и 7 асистенции, предводејќи ги Селтикс. Дерик Вајт постигна 31 поен, а Бостон загуби втор пат по ред по серија од 5 победи. Во последниот меч рано утрово Мемфис Гризлис со убедливи 121:103 го победи Лос Анџелес Клиперс. Повеќе за овој натпревар тука . Резултати: Бостон Селтикс - Детроит Пистонс 105:112 Мајами Хит - Торонто Репторс 96:106 Јута Џез - Далас Маверикс 140:133 прод. Денвер Нагетс - Хјустон Рокитс 128:125 прод. Лос Анџелес Клиперс - Мемфис Гризлис 103:121 Табела: НБА Никола Јокиќ Алперен Шенѓун Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро On