Томе Ѓоргиев именуван за заменик градоначалник на општина Василево

Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, вчера, за свој заменик го именуваше членот на општинскиот совет, Томе Ѓоргиев. Согласно одредбите од Законот за локална самоуправа заменик градоначалникот го заменува градоначалникот во случаи на спреченост или негово отсуство, во согласност со постапка утврдена во статутот. „За заменик градоначалник на Општина Василево го именував Томе Ѓоргиев. Со своето искуство, одговорност и посветеност, верувам дека ќе даде значаен придонес во реализацијата на програмските определби и во унапредувањето на работата на општината, во интерес на сите граѓани. Продолжуваме посветено, тимски и одговорно за развојот на Општина Василево“, стои во ФБ објавата на градоначалникот на општина Василево Славе Андонов по повод именувањето на Томе Ѓоргиев за заменик градоначалник на општинан Василево.