Ваков очај, ваква безидејност, ваква мизерија досега македонската политичка сцена не памети. Да немаш допир со реалноста и да си измислуваш работи, или си шизофрен човек или си Венко Филипче. Да викаш дека зголемувањата на пензиите од 6.000 денари до денес се ниски – а твојот “чекор” би бил пензии до 3.000 денари, да викаш дека мигранти тропаат на врата и само што не стигнале во Македонија – а те демантира премиер, претседател на држава и британска амбасада, да викаш дека 1,5 година е мал период за да консолидираш партија – а истиот период за консолидација на ограбената држава што ја остави со Заев, да говориш за РЕК Битола и те како не смее да ти текне – а другар ти Васко побегуља да го украде цел енергетски систем, да зборуваш за цени на сметки за струја – а ти со твојот ментор Заев и Ковачевски ги зголемивте за 50%, да зборуваш за правда – а да не одговараш за Модуларна болница, Венко тоа е срам и немање на образ. Една таблета диазепам за добри соништа, може “убавото” време на твоето владеење пак ќе го сонуваш, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.