Брејди ја заинтригира НФЛ јавноста: Подготвен сум, би можел повторно да играм

Брејди ја заинтригира НФЛ јавноста: Подготвен сум, би можел повторно да играм Филип Здравески 16.12.2025 / 11:25 Останати спортови Легендарниот квотербек Том Брејди повторно ја разбранува американската спортска заедница. Седумкратниот Супербоул шампион откри дека сè уште се чувствува физички во форма и верува дека, и покрај годините, може да ги исполни барањата на највисокото ниво во НФЛ. Сепак, враќањето на теренот останува само во сферата на теоријата. Брејди објасни дека неговата моментална улога како малцински сопственик на Лас Вегас Рaјдерс не му дозволува повторно да се активира како играч. „Дали би можел да играм на високо ниво? Мислам дека одговорот е да. Подготвен сум и би можел да се вратам“, рече сега 48-годишниот Брејди. Tom Brady on Philip Rivers' Colts comeback: "I certainly could" still play QB in NFL at age 48 https://t.co/uAytknPqlS pic.twitter.com/IoMBN8Bofs — Around The NFL (@AroundTheNFL) December 12, 2025 Потсетуваме дека Брејди освои 6 титули со Њу Ингланд Петриотс за време на неговата прекрасна кариера, а седмата круна ја освои во 2021 година со Тампа Беј Баканирс, засекогаш зацврстувајќи го својот статус како еден од најголемите спортисти во историјата на американскиот фудбал. На почетокот на месецов Брејди се појави и на жрепката за Светското првенство 2026 на ФИФА, каде беше еден од четворицата спортски легенди што ги влечеа топчињата. Том Брејди НФЛ Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро On