Во пресрет на Новодишните и Божиќните празници од 26 до 30 декември во Младински парк во Велес ќе се одржи третиот „Winterfest“ што го организира Општина Велес. Незаборавно доживување, празнична магија, многу забава и дружење со новогодишен базар, музика, маскоти, греено вино, храна и изненадувања за најмалите, најави денеска градоначалникот Марко Колев. Програмата ќе биде наменета за сите генерации,а со оваа третто издание на „Winterfest“, Велес влегува на мапата на познати Новогодишно-Божиќни базари, а кои се одржуваат насекаде во Европските центри. Исто како и минатата година така и оваа Младински парк ќе биде местото на кое велешани ќе можат да пазарат на базарот со рачни изработки,новогодишни подарци и украси да шетаат во убаво украсениот новогодишно парк.Воедно и да се стоплат со топли напивки, како и вкусат храна и да се засладат со колачи. Магијата почнува дома, најавија организаторите. Инаку јавниот повик на Општина Велес до сите заинтересирани за поставување на новогодишна тезга за „Winterfest“ веќе заврши.