Тупајиќ: Работнички мора многу подобро во пролетниот дел од сезоната Филип Здравески 16.12.2025 / 12:21 Фудбал Работнички имаше очајна есен, освои само 7 бодови во 16 првенствени натпревари. Тимот од Дебар Маало го заокружи првиот дел од сезоната со само една победа и четири ремија, а дури 11 пати ја почувствува горчината на поразот. Ален Тупајиќ, Фото: ФК Работнички Сезоната ја стартуваше рано, со настап во квалификациите за Конференциската лига и веднаш доживеа два пораза и елиминација од белорускиот Тарпеда БЕЛаз. Тоа се слчучи откако управат одлучи да не ја продолжи соработката со 90% од играчите кое беа заслужни за успехот минатата сезона и освоеното трето место на табелата. Иако тимот драстично се промени, сепак никој не очекуваше дека ќе следат многу слаби игри и резултати и во првенството. Бојан Маркоски, кој го наследи Горан Станиќ, брзо замина од тренерската позиција, а значајни промени не донесе ниту турскиот стратег Алпарслан Ердем кој дојде на негово место. Третиот тренер оваа сезона е Србинот Ален Тупајиќ. Тој го предводеше Работнички во последните три кола и забележа три порази, но има тешка задаче против многу посилните Струга, Шкендија и Силекс. Сепак, се надева дека тимот со една комплетна реорганизација во зимскиот преоден рок, ќе бележи многу подобри резултати напролет. Тоа и мора да го направи, доколку сака да го избегне најлошото, испаѓање од елитното друштво. „Наследив екипа која имаше многу проблеми, и на играчки и на резултатски план. Секако дека не сме задоволни од постигнатото, јас ќе говорам за мојот кус период додека сум на кормилото на Работнички. Но, дојдов и затоа што на тимот и претходно не му одело. И беше видлив мал напредок во играта, но попусто кога повторно резултатите беа три порази. Можеби второто полувреме против Шкендија во Тетово беше знак дека овој тим може да одигра и многу подобро. Во секој случај, Работнички е голем бренд на македонскиот фудбал, ќе мора добро да се реорганизира во оваа зимска пауза и напролет ќе треба да игра многу подобро, и што е најважно – да победува и да освојува бодови. Само така ќе можеме да ја оствариме целта, а тоа во ваков случај е опстанок во елитата“, изјави Ален Тупајиќ. Штом заврши есенскиот дел „Романтичарите“ веднаш почна ада се ослободувата од играчите што разочараа, а први исписници добија Џелил Асани, Демир Имери, Калани Алмејда и Амир Велиќ. Управата ќе мора да го одврзе ќесето и да донесе квалитетни засилувања доколку не сака наредната сезона да игра во втората лига, каде Работнички последен пат играше вон сезоната 1997/1998 кога како шампион избори пласман во елитата и оттогаш 4 шпати беше шампион на Македонија, освои 4 титули во Купот и со годи успешно настрапуваше во Европа играјќи против великани како Ливерпул, Лацио, Лил, Болтон, Базел, московски Локомотив... ФК Работнички Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро Off