Венко потврди: Заедничкото другарче со Заев од јахтата ЌЕ БИДЕ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ НА СДС

Новото раководство треба да биде потврдено на денешната седница на Централниот одбор. Во синоќешното интервју за „360 степени“ на МРТ, Филипче рече дека веќе е готов списокот со лицата кои ќе бидат дел од новото раководство и оти тоа ќе биде комбинација од искусни и млади луѓе. Најави дека позицијата генерален секретар ќе ја задржи Александар Саша Димитријевиќ и дека еден од потпретседателите ќе биде ортопедот кој беше кандидат за градоначалник на Аеродром, Александар Трајановски. Трајановски беше фотографиран на интимна забава со заев и Филипче, а медиумите објавија дека круцијален доказ дека Зоран Заев сѐ уште ги држи конците во СДС М е токму поставувањето на Александар Трајановски за потпретседател на партиј а та од страна на Венко Филипче . -Да се потсетиме, овие тројца заедно ги поминаа летните денови на скапите плажи во Грција, на скапата јахта на Зоран Заев, уживајќи во парите кои Заев и Филипче ги испокрадоа од државата со што ги осиромашија граѓаните, кои преживуваа со едвај 150 денари на ден. Венко Филипче како верен послушник на Заев, го прави тоа што неговиот ментор ќе му го заповеда, искоментира владејачката ВМРО-ДПМНЕ.