Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Свети Николе

На 15.12.2025 во 12:40 часот во ОВР Свети Николе е пријавено дека кај плоштад Илинден во Свети Николе се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со светиниколски регистарски ознаки, управувано од В.Ц.(49) и велосипед, управуван од Д.М.(73), двајцата од Свети Николе. -Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Клиничката болница Штип, информира МВР. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Свети Николе.