Модриќ со една изјава ги изнервира навивачите на БиХ ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО 2026 КАНАДА/САД/МЕКСИКО Александра Спасеска 16.12.2025 / 13:00 Фудбал Репрезентацијата на Босна и Херцеговина има шанса вторпат да оди на Светско првенство во својата историја. За потсетување, во 2014 година „Змејовите“ беа елиминирани во групната фаза на Мундијалот во Бразил, а сега преку плејофот имаат можност повторно да одат на Светското првенство преку Атлантскиот Океан. За тоа, ќе треба да го освојат плејоф турнирот. На 26 март ќе играат на гостински терен против Велс. Во случај на победа, пет дена подоцна ќе играат во Зеница против подобриот тим од соочувањето помеѓу Италија и Северна Ирска. Доколку успеат да се квалификуваат за Светското првенство, таму ќе играат во група со кодомаќинот Канада, Катар и Швајцарија. Цела Босна и Херцеговина со нетрпение го очекува март и историските натпревари на својата репрезентација. Порталот Sportske.ba објави статија со наслов „Лука, сега нè разочара: Модриќ ги изнервира навивачите на БиХ со својата изјава“. Се споменува интервју за италијанските медиуми во кое, меѓу другото, зборувал за дополнителни квалификации. На прашањето што мисли за Италија, Модриќ рекол: „Плејофот е секогаш неизвесен и тежок, но се надевам дека Италија ќе успее да се квалификува. Би било навистина трагично ако пропуштат трето Светско првенство по ред“. Како што пишува гореспоменатиот портал, „неговите изјави предизвикаа бурни реакции на социјалните мрежи, особено меѓу навивачите на Босна и Херцеговина, со оглед на тоа што Италија би можела да бара виза за Светското првенство токму против 'Змејовите'“. Лука Модриќ СП 2026 Босна и Херцеговина фудбал Италија фудбал Автор/Извор А.С. Прикажи во метро On