Ф1 циркузот се враќа во Португалија

Ф1 циркузот се враќа во Португалија Филип Здравески 16.12.2025 / 13:00 Ф1 Од 2027 година Португалија ќе се врати во календарот за трки на Формула 1. Трките ќе се возат на патеката „Алгарве“, во близина на Портимаун, поради патеката исто така е позната и како „Портимаун“. Беше домаќин на две Гран при трки за време на ковид-пандемијата во 2020 и 2021 година. Португалија практично ќе ја замени Големата награда на Холандија, која ќе се одржи на патеката „Зандворт“ за последен пат следната година. Оваа патика се врати на календарот во 2021 година откако ја немаше од 1985, но со договор само за 6 години. Локалниот организатор одлучи да не продолжи. Патеката „Портимаун“ е долга околу 4,65 км, се протега на ридест терен и е високо ценета поради предизвиците што им ги поставува на возачите. Се наоѓа во рурална област северно од брегот и исто така има репутација како патека со проблематичен пристап. „Многу сум задоволен што 'Портимаун' се враќа во календарот на Формула 1 и што спортот продолжува да ја поттикнува страста на нашата неверојатна португалска база на фанови“, рече претседателот и извршен директор на Формула 1, Стефано Доменикали. „Патеката нуди возбудувања од првата кривина до целта, а нејзината енергија ги крева фановите на нозе. Интересот и побарувачката за домаќинство на Голема награда на Формула 1 се поголеми од кога било досега“, додаде шефот на Ф1. Засега потврдено е дека Португалското ГП ќе се вози само во 2027 и 2028 година. Луис Хамилтон ги освои претходните две трки, возејќи за Мерцедес. Неговата победа во 2020 година го направи апсолутен рекордер по бројот на победи во трките во Формула 1, бидејќи го надмина рекордот на Михаел Шумахер од 91 победа. Новата сезона во Ф1 започнува на 8 март 2026 година, со нови правила и нови тимови. Ф1 Португалија Автор/Извор Макфакс/Кајгана Прикажи во метро Off