Вучиќ бесен откако зетот на Трамп се откажа од хотелот во Белград: Ние сме големи губитници, изгубивме инвестиција од 750 милиони евра

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, коментира за актуелните теми вклучувајќи ја и веста дека компанијата на зетот на претседателот на САД, Доналд Трамп, Џаред Кушнер, одлучила да се повлече од проектот за изградба на луксузен хотелски и станбен комплекс, планиран на местото на бомбардираниот Генералштаб во центарот на Белград.