Храна за подобро здравје на цревата, по препорака на нутриционисти

Храна за подобро здравје на цревата, по препорака на нутриционисти Александра Спасеска 16.12.2025 / 14:55 Здравје Јогуртот е веќе познат како храна што има позитивен ефект врз здравјето на цревата благодарение на неговите природни пробиотици, но додавањето на одредени намирници богати со хранливи материи може дополнително да ги подобри неговите ефекти. Некои додатоци може да го поддржат варењето, да го поттикнат растот на здравите бактерии во цревата и да помогнат во контролата на тежината со продолжување на чувството на ситост. Нутриционистите истакнуваат три намирници што препорачуваат да се додадат во јогурт за да го направат оброкот похранлив и покорисен за здравјето. Бобинки (малини, капини, јагоди) Бобинките како што се боровинките, малините и јагодите се богати со растителни влакна и антиоксиданси. Влакната ги хранат корисните бактерии во цревата и промовираат здрав микробиом, додека антиоксидансите помагаат во намалувањето на воспалението. Покрај тоа, бобинките се нискокалорични, што ги прави погодни за регулирање на тежината. Советничката за исхрана Солвег Ејтунгерде истакнува дека ова се овошја богати со нерастворливи растителни влакна, кои ја подобруваат функцијата на цревата и ги хранат добрите бактерии. „Додадете ги во јогурт, житарици или јадете ги како ужина“, изјави таа за SheFinds. Семе од чиа Семето од чиа е богато со растворливи влакна, што го забавува варењето и го зголемува чувството на ситост. Тие се исто така извор на омега-3 масни киселини и пребиотски влакна, кои го поттикнуваат растот на здрави бактерии во цревата. „Семето од чиа е богато со растворливи влакна. Кога се консумира, тие апсорбираат вода и формираат структура слична на гел во дигестивниот тракт, што го поттикнува чувството на ситост и го олеснува варењето“, објаснува нутриционистот и диететичар д-р Мринал Пандит, додавајќи дека тие исто така можат да помогнат во регулирањето на шеќерот во крвта и хидратацијата, што може да биде корисно за надуеност и контрола на тежината. „Додавањето семе од чиа во јогуртот го зголемува внесот на влакна и омега-3 масни киселини“, советува таа. Кефир Иако веќе е ферментиран производ, дополнителни пробиотици како кефир може да се додадат во јогуртот за дополнително подобрување на здравјето на цревата. Пробиотиците помагаат во варењето, го зајакнуваат имунитетот и одржуваат рамнотежа на бактериите во цревата, што е поврзано со подобар метаболизам и управување со тежината. Диететичарот и нутриционист Саманта Касети вели: „Една студија покажа дека консумирањето шест порции ферментирана храна, како кефир, дневно доведува до поголема разновидност на микробиомот и намалени маркери на воспаление“. Таа додава дека ваквите ефекти можат да го намалат ризикот од голем број состојби, вклучувајќи автоимуни болести, дијабетес тип 2, срцеви заболувања и нарушувања на расположението како што се депресија и анксиозност. цревно здравје Автор/Извор А.С. Прикажи во метро On