Магла во утринските часови, сончево со умерена облачност преку ден

Магла во утринските часови, сончево со умерена облачност преку ден Филип Здравески 17.12.2025 / 07:57 Македонија Во утринските часови наместа ќе има појава на магла, а во текот на денот сончево со умерена облачност и претежно тивко. Во северозападните делови повремено ќе има зголемена облачност со услови за слаб дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени. Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде умерено до значително облачно и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 8 степени. Времето во наредниот период Продолжува периодот стабилно и претежно тивко време. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини ќе има појава на магла Автор/Извор Макфакс Прикажи во метро On