Сончево време со температура до 13 степени

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност и претежно тивко. Во утринските часови на некои места ќе има појава на магла. Според прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) во северозападните делови од земјата повремено ќе има зголемена облачност со услови за слаб дожд. Утринската темепратура ќе биде од минус четири Целзиусови степени до 1 степен над нулата, а дневната ќе се движи во интервал од осум до 13 степени. Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла, а во текот на денот времето ќе биде умерено до значително облачно и претежно тивко. Температурата ќе биде од минус четири степени наутро до осум во текот на денот. За утре се прогнозира сончево време со мала до умерена облачност. Во утринските часови на некои места ќе има појава на магла, а ќе дува и слаб ветер од јужен правец. Температурата утре ќе биде од осум до 15степени.