Трамп: Целосно ја опколивме Венецуела, наредувам тотална и целосна блокада на танкерите

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека наредува „целосна и сеопфатна“ блокада на сите санкционирани нафтени танкери што пловат кон или од Венецуела. Тој ја донесе одлуката откако ја означи владата на венецуелскиот претседател Николас Мадуро како странска терористичка организација, обвинувајќи ја за кражба на американски средства, тероризам, шверц со дрога и трговија со луѓе, објави Би-Би-Си.