Њујорк го победи Сан Антонио и го освои НБА купот НБА КУП 2025 Филип Здравески 17.12.2025 / 09:55 Кошарка Њујорк Никс го освои третото издание на НБА купот откако во финалниот натпревар го совлада Сан Антонио Спарс со 124:113. Њујорк со тоа стана третиот тим што го освоил овој трофеј, по Лос Анџелес Лејкерс во 2023 и Милвоки Бакс минатата година. Клучна беше последната четвртина, која Никс ја решија во своја корист со 35:19 и со тоа го добија овој натпревар. ОуЏеј Ануноби ги предводеше Никс до нивниот прв трофеј во сезоната со 28 поени, 9 скокови и 3 асистенции, додека Џејлен Брансон додаде 25 со 8 асистенции и 4 скокови. Карл-Ентони Таунс го заврши натпреварот со 16 поени и 11 скокови, додека Џордан Кларксон додаде 15 со 2 скока, а Тајлер Колек постигна 14 со 5 скокови и асистенција. Мајкл Бриџис и Џош Харт исто така постигнаа двоцифрен број поени - 11. Бриџис додаде 5 скокови и асистенција, а Харт скокови и 3 асистенции. Дилан Харпер ги предводеше Спарс со 21 поен и 7 скокови, додека Виктор Вембанјама постигна 18 со 6 скокови, а Де'Арон Фокс додаде 16 со 9 асистенции и 2 скока. Стефон Касл заврши со 15 поени, 12 асистенции и 7 скокови, додека Лук Корнет додаде 14 со 6 скокови. Девин Васел постигна 12 поени со 5 скокови и 3 асистенции, а Харисон Барнс исто така беше двоцифрен со 11 поени, 3 скокови и 2 асистенции. Remote video URL Никс со тоа го освоија својот прв трофеј од шампионатот во 1973 година. Покрај трофејот, играчите добија и парични награди. Секој играч заработи дополнителни 318.560 долари, со што вкупниот износ за учество во финалето достигна 530.933 долари по играч. На патот до финалето Никс претхопдно ги исфрлија Орландо Меџик и Мајами Хит. НБА куп Њујорк Никс Сан Антонио Спарс Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро On