Милевски и Барди гласаа за Дембеле Филип Здравески 17.12.2025 / 10:25 Фудбал Фудбалерот на Пари Сен-Жермен и француската репрезентација, Усман Дембеле, беше избран за најдобар фудбалер во светот во 2025 година во изборот на ФИФА (The Best FIFA Football Awards). Селекторите и капитените на селекциите, членки на ФИФА право да дадат по три имиња за секоја категорија (најдобар фудбалер, тренер, голман…). Дембеле ги обедини двете најважни награди откако ја освои и Златната топка во септември. Сега веќе поранешниот селектор на Македонија, Благоја Милевски, и капитенот Енис Барди, на своите листи на првото место го имаа лауреатот Дембеле. Милевски на првите три места ги стави Дембеле, неговиот соиграч од ПСЖ, Витиња, и ѕвездата на Барселона, Ламин Јамал. Барди својот глас им го даде на Дембеле, Јамал и Нуну Мендеш. Гласаа и новинарите, а македонски претставник беше Игор Паневски од Телма кој гласаше за Дембеле, Јамал и Салах. Вака гласаа останатите селектори и капитени од регионот: Вељко Пауновиќ (селектор на Србија): Мбапе, Педри, Мендеш Александар Митровиќ (Србија): Дембеле, Мбапе, Витиња Иван Јовановиќ (селектор на Грција): Јамал, Мбапе, Кејн Анастасиос Бакасетас (Грција): Дембеле, Јамал, Витиња Силвињу (селектор на Албанија): Дембеле, Јамал, Рафиња Берат Ѓимшити (Албанија): Дембеле, Мендеш, Кејн Сергеј Барбарез (селектор на БиХ): Кејн, Дембеле, Мбапе Един Џеко (капитен на БиХ): Дембеле, Јамал, Салах Златко Дали ќ (селектор на Хрватска): Дембеле, Салах, Педри Лука Модриќ (капитен на Хрватска): Витиња, Дембеле, Јамал Мирко Вучиниќ (селектор на Црна Гора): Мбапе, Дембеле, Кејн Стеван Јоветиќ (капитен на Црна Гора): Јамал, Мбапе, Дембеле Матјаж Кек (селектор на Словенија): Дембеле, Јамал, Витиња Јан Облак (капитен на Словенија): Дембеле, Рафиња, Јамал Усман Дембеле Благоја Милевски Енис Барди Автор/Извор Макфакс/Кајгана Прикажи во метро Off