Кривични пријави за измама и давање лажен исказ: Изготвиле фактури иако знаеле дека договорите за превоз на ученици во Тетово биле истечени Филип Здравески 17.12.2025 / 10:31 Хроника СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.З. (46) од Тетово и против правно лице – транспортно претпријатие од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело Измама и Давање лажен исказ. Во текот на септември и октомври 2024 година, пријавените, иако знаеле дека договорот за превоз на редовни ученици, склучен помеѓу пријавените и средно училиште бил истечен, без правен основ изготвиле фактури во износ од 15.034.110 денари за двата месеца и ги доставиле до надлежните служби на училиштето со намера да биде извршена наплата. Пријавените не успеале да ги доведат во заблуда надлежните во училиштето, по што на нотар дале лажен исказ и ги доставиле фактурите со барање да изготви предлог решение за нотарски платен налог, кое било донесено од нотарот. СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ќ.Ф. (59) од с. Шемшово и правно лице од с. Шемшево поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела Измама и Давање лажен исказ. Во текот на септември и октомври 2024, пријавените, иако знаеле дека договорот за превоз на редовни ученици склучен помеѓу пријавените и средно училиште во Тетово бил истечен, на 10.06.2025 без правен основ, изготвиле фактури за 9-ти и 10-ти месец 2024 во вкупен износ од 2.152.447 денари, а потоа ги доставиле до надлежните служби на наведеното училиште, со намера да ги доведат во заблуда и да биде извршена наплата на доставените фактури. Пријавените кај нотар дале лажен исказ, барајќи да изготви предлог решение за нотарски платен налог. Автор/Извор Макфакс Прикажи во метро Off