Европската Унија е клучниот економски двигател за Македонија. Во изминатата година, трговската размена достигна 13,8 милијарди евра, што ја позиционира ЕУ како најважен и најголем трговски партнер на земјата. Дури 78% од целиот македонски извоз завршува на европските пазари, што ја прави ЕУ незаменлив фактор за растот на индустријата, производство и пазарот на труд.