СТРАТЕШКА ИГРА НА КРОВОТ НА СВЕТОТ: Кина гради тајна хидроцентрала вредна 168 милијарди долари на Хималаите

Експертите се согласуваат дека системот, сместен во долниот тек на реката Јарлунг Цангпо во Тибет, ќе претставува невиден инженерски подвиг. Планот вклучува тунелирање низ планината за да се искористи падот на надморската височина од дури 2.000 метри.