Тој занаетот во угостителството го печел работејќи на брод, преку седум мориња и океани, каде и подетално ќе се запознае со виното и винската култура во светот. По враќањето во Македонија и самиот ќе навлезе длабоко во тајните на „пијалокот на боговите“, за да стане експерт за познавање на виното или стручно кажено сомелиер. Денес е и претседател на Здружението на сомелиери на Македонија. Вински експерт за кого нема тајни, а истите ќе ги разоткрива и своевремено во својот серијал телевизиски емисии за виното и винската култура, „Вински мозаик“ која ќе се емитува на националниот сервис МТВ. Претставник или поточно застапник на една од најпознатите и најпосакувани италијански етикети на пенливи вина во Република Македонија, но и основоположник и основач на единствениот скопски вински салон, преточен во своевидна манифестација која важи за годишен празник на виното, насловена „Винодонија“, која годинава ќе се одржи по деветти пат на 20 и 21-ви декември во скопскиот хотел Мериот. За неговиот личен пат кон винските височини, за професијата сомелиер и како тоа се станува, за виното и како тоа се гради, развива и негува винската култура во Македонија, за винскиот бон-тон, начинот на конзумација на различни сорти и типови вина и нивното спарување, односно фузија со различна храна, за добрите и лошите вина и од што зависи нивниот квалитет… За винските вистини и митови, за односот цена – перформанси на секое вино, за винската индустрија кај нас во однос на Европа и светот и каде е Македонија на винската мапа… Но и за годинешното издание на скопскиот вински салон „Винодонија“ и неговите содржини и програми, учесници, работилници и едукативниот дел… И за уште многу помалку или повеќе познати нешта, но и сосема непознати тајни за виното и вистината за него како пијалок на боговите уште од древните антички времиња во најновот издание на интер ток шоуто „Ништо лично“ , лице в лице со домаќинот на поткастот – новинарот и водител Антонио Димитриевски овој пат ќе биде врвниот познавач на виното, вински експерт и претседател на Здружението на сомелиери на Македонија, Александар Вучковски. ПРЕМИЕРАТА оди вечерва, среда, 17-ти декември од 20.00 часот , ексклузивно само на YouTube каналот на КурирМК ( @Kurir.podcast) .