МЖСПП стави во функција нов веб портал за квалитет на воздухот

Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) денеска соопшти дека во функција е нов веб портал за квалитет на воздухот, на кој може да се пристапи преку постоечката адреса https://air.moepp.gov.mk . - Податоците од сите мониторинг станици како и досега може да ги гледате во реално време. Новитет е тоа што се споредуваат со новиот индекс, кој е во согласност со Европскиот индекс за квалитет на воздух кој започна со примена од 4 јули 2025 година. Веб страната има подобрени перформанси, подобрени анализи во делот на надминувања на граничните вредности во тековната година како и годишни анализи за претходни години, посочуваат од Министерството. Исто така, како што додаваат од МЖСПП, пуштена е и мобилна апликација за приказ на податоците за квалитетот на воздухот за Андроид и iOS чии што линкови за преземање може да се најдат на веб страницата.