Нигерија поднесе жалба, бара дисквалификација на ДР Конго

Нигерија поднесе жалба, бара дисквалификација на ДР Конго ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО 2026 КАНАДА/САД/МЕКСИКО Филип Здравески 17.12.2025 / 12:10 Фудбал Демократска Република Конго би можела да биде исфрлена од баражот за пласман на Светското првенство откако Нигерија поднесе жалба против ДР Конго. Нигеријците тврдат дека за ДР Конго насташиле фудбалери кои немале право да играат. ДР Конго неодамна ја елиминираше Нигерија во квалификациите за пласман во интерконтиненталниот бараж. Конгоанците до бараж против победникот од дуелот Јамајка - Нова Каледонија дојдоа по подоброто изведување пенали. Нигеријците тврдат дека дури 9 фудбалери на ДР Конго го промениле своето спортско државјанство пред натпреварот со Нигерија. Постапката тогаш не била завршена, па затоа бараат дисквалификација на ДР Конго. Уставот на ДР Конго не дозволува двојно државјанство, а Нигеријците имаат информации дека некои формално не го отфрлиле претходното. Доколку тоа се покаже како вистина, ФИФА би можела да ги поништи резултатите… Сите засегнати фудбалери се Конгоанци родени или израснати во странство, како Арон Ван-Бисака (Англија), Аксел Туанзебе (Англија), Артур Масуаку (Франција). Нигерија фудбал ДР Конго СП 2026 Автор/Извор Макфакс/Кајгана Прикажи во метро Off