Петрушевски: Каде завршиле 2 милиони евра од Лотарија, пари на граѓаните украдени од СДС и ДУИ?

ДЗР по извршената ревизија во Лотарија, за периодот на работа на раководството поставено од СДС и ДУИ, утврдило нереални и неоправдани сметководствени записи за нелогични трансакции во износ од близу 2 милиони евра, истакна на денешната прес конференција пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски. 2 милиони евра Перпарим Бајрами и Артан Груби, ги фалсификувале, злоупотребиле или прикриле. Сето ова, се случувало додека СДС биле со тилот свртени кон криминалот и немо одобрувале. Јавноста заслужува одговори, дали СДС и ДУИ го дозволиле првиот од многуте криминали во Лотарија од 2 милиони евра? На кои сметки завршувале овие пари? Со кое право СДС го прикривал криминалот на кадарот на ДУИ? И зошто ЈО толку време немало постапено иако ние јавно баравме одговорност и за други предмети поврзани со Лотарија? Ете како СДС и ДУИ ги раководеа државните институции, ги исцицаа буџетите, и ги испокрадоа парите, ги уништија претпријатијата. Затоа одговорност мора да има, а сега го нема Коцевски да ги штити, порача Петрушевски.