ФИФА попушти: Во продажба и поевтини билети за Мундијалот

ФИФА попушти: Во продажба и поевтини билети за Мундијалот ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО 2026 КАНАДА/САД/МЕКСИКО Филип Здравески 17.12.2025 / 12:22 Фудбал Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) одговори на критиките за високите цени на билетите за Светското првенство 2026 во Канада, САД и Мексико. Тие сега воведоа нови ценовни категории од 60 долари, кои ќе бидат достапни за купување за сите 104 натпревари, вклучувајќи го и финалниот натпревар. Влезниците од новосоздадената ценовна категорија „навивачко ниво“ ќе бидат доделени на националните асоцијации за поединечни натпревари во кои ќе играат нивните тимови. Од овие асоцијации се очекува да ги стават билетите на располагање на „лојалните навивачи кои имаат блиска врска со нивните национални тимови“, се вели во официјалното соопштение. Овој потег доаѓа откако навивачите беа шокирани и лути од цените што се движат од 120 до 265 долари за натпреварите од групната фаза, додека ценовниот опсег за финалниот натпревар, кој ќе се игра на 19 јули во Ист Радерфорд (Њу Џерси) е од 4.185 до 8.680 долари. СП 2026 ФИФА Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро On