35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба, меѓу нив Ѓорѓиевски и Арсовска

35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба, меѓу нив Ѓорѓиевски и Арсовска соопшти Комисијата за спречување на корупцијата Филип Здравески 17.12.2025 / 12:29 Македонија Државната комисија за спречување на корупцијата, согласно со член 17 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси ја евидентира и следи имотната состојба и интересите. Согласно со член 82 став 1 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси сите избрани градоначалници на Локалните избори 2025 година имаат обврска, најдоцна во рок од 30 дена од денот на изборот, да поднесат изјава за имотна состојба и интереси, информираат оттаму. Потенцираат дека согласно со член 82 став 3 од наведениот закон, по престанокот на функцијата градоначалник, истите имаат обврска да поднесат изјава за имотна состојба. „ДКСК изврши проверка во регистерот на имотна состојба и интереси и ја констатира следната состојба: – 35 лица по престанок на функцијата – градоначалник, немаат поднесено изјава за имотна состојба и интереси и – 19 лица по изборот на функцијата – градоначалник, немаат поднесено изјава за имотна состојба и интереси, за кои ќе иницира постапки согласно закон, со издавање прекршочен платен налог. ДКСК ќе ја следи состојбата и за сите наведени лица, кои и понатаму нема да ја исполнат законската обврска за доставување изјави, ќе иницира постапки за проверка на нивната имотна состојба и интереси“. Табели со лица кои немаат поднесено изјава за имотна состојба и интереси според ДКСК: ДКСК Автор/Извор Макфакс Прикажи во метро Off