„Јас како министер за одбрана сакам секој еден граѓанин да знае дека ќе стигнат нови хеликоптери. Дали треба јавно да ги зборуваме сите детали за овој договор и, не дај Боже, поради тоа да има арбитража? Не знам дали треба тоа да се зборува. Ако имало правни последици, си има институции нека ги проверат. Дали ние постапуваме по договор кој е поминат на Влада, па е овластен министер. Договорот е поминат на техничка Влада. Прашањето е дали смеело тоа да се направи, на кој начин, дали треба ваков вид на хеликоптери или подобри, на крајот, според мене, предлогот треба да си го даде Армијата“. Ова вечерва во Топ тема го истакна министерот за одбрана Владо Мисајловски. -Владата ја носи одлуката и проблемите, предизвиците кои ги носи тој договор треба да се подобруваат и се подобруваат секој еден ден. Овие информации се класифицирани во наоди кои ќе ги стави Државниот завод на ревизија, рече Мисајловски. На прашањето до каде е реализацијата на договорот за хеликоптерите и што со лиценцата за опрема која сега ја имаме, министерот Мисајловски рече дека веќе секоја земја ако ви продаде софтвер мора одржувањето и лиценците да бидат од кај нив. -Центарот за обука на пилоти е преубав, толку средства да се потрошат да се затвори е друго прашање. Тоа е преубав центар, симулаторите што се направени за МИ-17 и 24, каде секој еден може да вежба и да стане пилот, кој може да биде регионален центар и на НАТО, но тоа е што е. Ние како министерство паралелно имаме еден договор со Леонардо кој е таков каков што е целиот винг мора да оди на тренинг и тоа може да се случи многу брзо за да се научи целосно на платформата на Леонардо, истакна Мисајловски. На прашањето дека сега е нејасно како ќе се употреби центар кој што има друг софтвер, министерот за одбрана рече дека тој следниот месец треба да замине на средба со Леонардо и ќе го отвори и прашањето за овој центар, односно за Центарот за обука на пилоти. -Тоа ќе го направам заедно со Армијата, бидејќи станува збор за огромни средства кои треба да се вложат за тоа да се стави во оператива, зборувам за десетици милиони евра. Ако гледаме долгорочно, ако ние веќе ги набавиме Леонардо хеликоптерите треба да размислуваме и платформите да бидат слични. Да видиме за некое решение за кое заедно со НАТО ќе разговараме ако имаме можност да стане регионален центар, бидејќи од ова може да се заработува како држава. Но внимателно ќе го водиме овој процес и ќе го споделиме со јавноста, рече министерот Мисајловски во вечерашната Топ Тема на Телма.