Шилегов бара оставка од Филипче: Или си СДСМ или си тезгарош!

Поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, преку фејсбук-објава побара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче. „Македонското законодавство познава убиство од небрежност. Познава и убиство со умисла, но не познава (само) убиство со умисла!!! Или тешка ви е одговорноста? Или ви тежи договорот? Или си СДСМ или си тезгарош!!! М?Прашањата ќе ги поставиме после празниците. Да не се разводиме во меѓувреме. Демек, добар ви е тајмингот. Нова година, Божиќ, ќе се заборави….“, напиша Шилегов. По ова, тој даде „објаснување“ преку друга објава дека бара оставка од Филипче. „Бидејќи можеби многумина не разбраа (преку 50 тела. повици за 7 мин.) Да!!! Барам оставка на ‘претседателот’ на СДСМ!!!“, додаде Шилегов.