Шилегов: Да, барам оставка од „претседателот“ на СДСМ Филип Здравески 18.12.2025 / 07:53 Македонија Петре Шилегов, поранешен градоначалник на Град Скопје и член на раководството на СДСМ, бара оставка на претседателот на СДСМ, Венко Филипче. „Македонското законодавство познава убиство од небрижност. Познава и убиство со умисла, но не познава (само) убиство со умисла !!!! Или тешка Ви е одговорноста ? Или Ви тежи договорот ? Или си СДСМ или си тезгарош !!! М ? Прашањата ќе ги поставиме после празниците. Да не се разводиме во меѓувреме. Демек, добар ви е тајмингот. Нова година, Божик, ќе се заборави…“, напиша Шилегов на Facebook. Подоцна тој објави уште еден статус. „Бидејќи можеби многумина не разбраа (преку 50 тел. повици за 7 мин) ДА!!! Барам оставка на 'претседателот' на СДСМ“, напиша Шилегов. Петре Шилегов СДСМ Автор/Извор Макфакс Прикажи во метро On