Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла

Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла Филип Здравески 18.12.2025 / 08:37 Македонија Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до -1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени. Во Скопје, променливо облачно и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 6 степени. До понеделник ќе се задржи стабилно и претежно тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник се очекуваат локални врнежи од дожд. Автор/Извор Макфакс Прикажи во метро Off