Од раните утрински часови денеска, во скопското село Инџиково започна акција за уривање на бесправно изграден објект, откако сопственикот не постапил по решението за стопирање на градбата. Акцијата почнала во 5 часот наутро, со асистенција на полицијата, а на терен биле ангажирани општинските служби на Гази Баба. Објектот бил во почетна, карабина фаза – приземје, но, според надлежните, постоела јасна намера да се надгради уште еден кат. Градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски, информираше дека инвеститорот продолжил со градежните активности и покрај тоа што претходно му било изречено решение за затворање на градилиштето. – Во моментот на акцијата, објектот беше во приземје – карабина фаза, со јасна намера за надградба на уште еден кат. И покрај донесеното решение од градежниот инспектор за стопирање на градбата и затворање на градилиштето, субјектот не постапил по решението и продолжил со градежни активности. Почитувајте ги законите и не започнувајте градба без добиено Одобрение за градење. Ред, закон и еднаквост за сите, порачува Стефковски.