Македонската лига ќе добие брендиран пехар: ФФМ распиша конкурс за идејно решение Филип Здравески 18.12.2025 / 12:08 Фудбал Фудбалската федерација на Македонија распиша конкурс за избор на најдобро идејно решение за нов пехар наменет за шампионот на Македонија во првата лига (1.МФЛ). „Целта на конкурсот е да се изработи современо, препознатливо и автентично уметничко решение кое ќе ја симболизира традицијата, енергијата и победничкиот дух на македонскиот фудбал“ - стои во објавата на ФФМ. Право на учество : Право на учество имаат: академски уметници, дизајнери, студенти на ликовни академии, архитекти, скулптори и други лица со креативен визуелен израз. Секој учесник може да конкурира со најмногу 3 идејни решенија. Учесниците треба да достават : Кратко образложение за концептот на пехарот. Визуелна презентација: скица, 3D рендер, технички цртеж или макета (фотографии). Предлог материјали, висина и форма на пехарот. Контакт информации. Критериуми за избор : Креативност и оригиналност Препознатлив македонски визуелен идентитет Функционалност и издржливост Можност за реализација Естетика и симболика Рок и начин на доставување Идејните решенија треба да се достават електронски на ffm@ffm.com.mk или во архивата на ФФМ (бул. „АСНОМ“ 21) најдоцна до 15 март 2026. Досега шампионот добиваше пехар кој од сезона во сезона знаеше да биде различен бидејќи не постои брендирано решение, за разлика од Купот на Македонија каде уште од сезонава 1992/1993 постои специјално дизајниран пехар наменет за победникот, кој до ден денес е ист, со мали измени. ФФМ 1.МФЛ Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро On