Надминат прагот на штетни честички во воздухот во Кичево и Струмица

Надминат прагот на штетни честички во воздухот во Кичево и Струмица Филип Здравески 18.12.2025 / 12:17 Македонија Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека според податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150 мг/м³ во текот на два последователни денови) е надминат на мерните места Кичево и Струмица. Струмица „Прагот на алармирање е дефиниран во Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиенталниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Македонија бр. 183 од 14.12.2017 година)“. Во табелата се прикажани среднодневните концентрации на PM10 на мернoто место и деновите каде има појава на надминување на праг на алармирање. Кичево 16/12/2025     181.82 17/12/2025     175.40 Струмица 16/12/2025      153.11 17/12/2025      156.986 Од ресорното министерство потенцираат дека согласно настанатата состојба, за Струмица важат следните мерки: Да се интензивираат вонредните инспекциски надзори на инсталациите со А-Интегрирана еколошка дозвола; Да се интензивираат вонредните инспекциски надзори на терен за контрола на инсталациите со Б-Интегрирани еколошки дозволи и Елаборати; Инсталациите со континуиран мониторинг да овозможат јавен пристап на измерените податоци; Да се интензивираат вонредните контроли на техничката исправност на возилата, особено оние со дизел горива и нерегистрирани возила; Да се интензивираат вонредните контроли на градилиштата; Забрана на горење на отворено; Се препорачува на сите правни субјекти (работодавци) да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар; Се препорачува на сите правни субјекти (работодавци) да го реорганизираат работното време и лицата кои работат на отворено да работат од 11:00 до 17:00 часот; Се препорачува да не се организираат спортски натпревари и други културни манифестации на отворено. загадување Кичево Струмица Министерство за животна средина Автор/Извор Макфакс Прикажи во метро Off