Венко Филипче влезе во лош филм и параноична епизода во која му врати на Петре Шилегов за вчерашните критики. На Венко сите му се виновни, особено македонските медиуми кои ги критикуваат нивните политикантски екскурзии. Вака Филипче му врати на, според него, киднапираниот Шилегов: „ Вчера се обидоа и преку еден наш член да ѝ нанесат штета на партијата. Не мене лично, тоа не го доживувам лично, туку на целата партија, на сите нејзини членови. А вие видовте и каква машинерија беше подготвена – за помалку од половина час сите медиуми блиски до власта синхронизирано објавија на своите канали. Јавно да се изнесуваат вакви работи во момент кога ДПМНЕ нè напаѓа од сите страни со цел да го замолчи нашиот глас на вистината, не е случајно. Тие пронајдоа еден од нас, послаб. Ги искористија неговите приватни проблеми, задолженоста кон одредени лица, а очигледно и уцени, за да го натераат одвнатре, од самата партија, да внесе немир во нашите редови. Ние го разбираме и нема да се пресметуваме со него. На сите ни е јасно во каква ситуација се наоѓа. Нема да му одмогнеме, можеме само да му помогнеме. До него е да одлучи која страна ќе ја избере. По овој пат сакам да им порачам на сите нив: ние сме на патот на правдата. Никој нема да нè запре. Ќе ја одбраниме Македонија и ќе ја вратиме власта во рацете на народот. Никој нема да нè запре, а најмалку вакви обиди. Кој сака – нека се приклучи! Кој не може или не сака – нека остане настрана! Правдата ќе победи.“ напиша на ФБ во силна еуфорија и параноја несудениот уредник на вести Венко Филипче. Шилегов, пак, вчера му напиша: „ Македонското законодавство познава убиство од небрежност. Познава и убиство со умисла, но не познава (само) убиство со умисла!!! Или тешка ви е одговорноста? Или ви тежи договорот? Или си СДСМ или си тезгарош!!! М?Прашањата ќе ги поставиме после празниците. Да не се разводиме во меѓувреме. Демек, добар ви е тајмингот. Нова година, Божиќ, ќе се заборави….“, напиша Шилегов. По ова, тој даде „објаснување“ преку друга објава дека бара оставка од Филипче. „Бидејќи можеби многумина не разбраа (преку 50 тела. повици за 7 мин.) Да!!! Барам оставка на ‘претседателот’ на СДСМ!!!“, додаде Шилегов.