[ФОТО] „Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

Македонски народни песни во џез аранжмани, изложба на графики, уметничка инсталација и кулинарско доживување го одбележаа четвртото издание на „Трајни културни вредности“, настан на Халкбанк, посветен на афирмација и негување на македонската култура и традиција. Оваа година фокусот беше на музичкото културно наследство, претставено преку несекојдневно мултимедијално доживување насловено „Музички вез со џез ритам“.