Астрономи со телескопот James Webb откриле егзопланета во облик на лимон Филип Здравески 18.12.2025 / 13:16 Вести Вселената е полна со нерешени мистерии, а тим што го користел вселенскиот телескоп James Webb на НАСА неодамна открил нешто необично. „Се сеќавам дека откако ги собравме податоците, нашата колективна реакција беше: 'Што е ова?' Ова е екстремно различно од она што го очекувавме“, рече Питер Гао од „Карнеги“ лабораторијата за Земја и Планети во Вашингтон, коавтор на студијата. Истражувачите всушност пронашле егзопланета наречена PSR J2322-2650b која орбитира околу мала, густа ѕвезда која емитува електромагнетно зрачење познато како пулсар. Тие се пример за систем „црна вдовица“, каде што брзо ротирачки пулсар е спарен со помало астрономско тело. Дуото црна вдовица не е невообичаено, но ова спарување покрена прашања за тоа како првично се формирала егзопланетата. Близината на егзопланетата до пулсарот и нејзината интензивна гравитациска привлечност ја искривиле во издолжена форма на лимон. Уште понеобично е што PSR J2322-2650b има и единствена атмосфера која е составена претежно од хелиум и јаглерод. „Наместо да ги пронајдеме нормалните молекули што очекуваме да ги видиме на егзопланета, како вода, метан и јаглерод диоксид, видовме молекуларен јаглерод“, рече водечкиот истражувач Мајкл Чанг од Универзитетот во Чикаго. Со оглед на нејзината необична атмосфера, тимот не е сигурен како егзопланетата се формирала. „Многу е тешко да се замисли како можел да се добие овој состав екстремно богат со јаглерод. Се чини дека исклучува секој познат механизам на формирање“, рече Чанг. Засега ова може да се смета за уште една мистерија на вселената. Scientists are using Webb to investigate an oddball exoplanet: Jupiter-mass, gaseous, lemon-shaped, may or may not contain diamonds at its core, orbiting a pulsar. https://t.co/OThPVePaaZ pic.twitter.com/L2fiDXp7t3 — NASA Webb Telescope (@NASAWebb) December 16, 2025 егзопланета вселена Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро On