Алиу: Здравјето е човечки капитал, а човечкиот капитал е највреден ресурс на секоја држава

Министерот за здравство, Азир Алиу денеска се обрати на јавната расправа на Парламентарната комисија за здравство, посветена на темата „Заштита на децата и младите од штетните влијанија и последиците од пушењето“. Денес зборуваме за здравјето како темел на модерна, општествена и одржлива економија. Употребата на тутунот и никотински производи останува една од главните причини за превентабилна смрт во светот. Здравствените и економските трошоци поврзани со употребата на тутунот достигнуваат до 3 проценти од бруто домашниот производ. Ова не води до јасни заклучоци кои денеска треба да ги дефинираме. Јавното здравје и економијата се неразделиви за општеството. Кога младите рано се изложени на никотин, кај нив се зголемува ризикот од хронични заболувања, се намалува нивниот професионален потенцијал, се зголемува притисокот врз здравствениот систем во државата и се ослабнува идната економска основа во земјата, истакна министерот Алиу во обраќањето. Воедно, тој посочи дека здравјето е човечки капитал, а човечкиот капитал е највреден ресурс на секоја држава.