Со Porsche прегазил 56-годишна скопјанка Филип Здравески 18.12.2025 / 14:47 Хроника Вчера околу 20:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од ул. „Лука Геров“ со ул. „Андон Кецкаров“ во Скопје, патничко возило Porsche со скопски регистарски ознаки, управувано од Ќ.К. (52) од Скопје, удрило во 56-годишната Ц.Ц. од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ц.Ц., констатирани во приватна болница во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје. Автор/Извор Макфакс Прикажи во метро Off