Бензините поевтинуваат од полноќ Филип Здравески 18.12.2025 / 15:20 Македонија Од ноќеска на полноќ цените на бензините ќе се намалат за 2 денара, а цената на дизелот ќе остане иста, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ). Од 19 декември од 0:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: моторен бензин Еуросупер БС-95 – 71,00 ден/л моторен бензин Еуросупер БС-98 – 73,00 ден/л дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) – 66,50 ден/л масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 65,50 ден/л мазут М-1 НС – 32,635 ден/кг Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се намалуваат за 2,00 денара/литар. Малопродажните цени на Еуродизел (Д-Е V), како и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на мазутот М-1 НС не се менуваат. „Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 0:01 часот на 19.12.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени“, се наведува во соопштението на РКЕ. цена на горива Автор/Извор Макфакс Прикажи во метро On